| четврток, 6 декември 2018 |

Суарез: Кариерата сакам да ја завршам во Барселона

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез, изјави дека најголем сон му е кариерата да ја заврши во каталонскиот клуб.

– Доколку имам можност тука да ја завршам кариерата, тоа би било совршено – изјави Суарез.

Уругваецот се кае поради инцидентот на мундијалот во Бразил кога го гризна Џорџо Кјелини, поради што е суспендиран на четири месеци.

– Чувствував дека во тие моменти си ја уништив кариерата. Се затворив во четири ѕида, размислив и побарав прошка и поради тоа се чувствував многу подобро. Потоа дојдоа контактите со Барселона и среќен сум за довербата која ми ја дадоа – вели Суарез.

Суспензијата на Суарез му завршува на 24 октомври, а два дена подоцна се игра големото Ел Класико.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top