Фудбалерите на Манчестер јунајтед продолжија со лошата серија гостувања откако синоќа во Бирмингам изборија само еден бод против ВБА, 2-2.
ВБА одлично го отвори мечот со прекрасниот гол на Сесењон во 8. минута и со тој резултат заминаа на пауза. На полувреме Луи ван Гал на терен го прати Фелаини, на кого не му требаше многу време бидејќи во 48. минута по центар-шутот на Ди Марија успеа да го израмни резултатот.
Домаќините не се предадоа така лесно, по грешка на одбраната на „црвените ѓаволи“, Берахино во ситуација еден на еден со Де Геа беше поуспешен и ја врати предноста на ВБА.
Конечните 2-2 во 87. минута ги постави Блинд со дебитантски погодок за Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ немаат победа на гостински терен од април оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.