| четврток, 6 декември 2018 |

СЗО прогласи крај на епидемијата од ебола во Нигерија

Светската здравствена организација (СЗО) прогласи денеска крај на епидемијета од ебола во Нигерија, после истекот на периодот од 42 дена без нови случаи на заболување од овој вирус.

-Епидемијата од ебола во Нигерија помина. Ова е голем успех, изјави представникот на  СЗО Руи Гама Ваз на конференцијата за новинари во нигерискиот главен град Абуџи, пренесува Ројтерс.

Африканската држава со најмногу жители е пофалена поради брзиот одговор на еболата откако инфицираниот либериски дипломат во јули го донесе вирусот во оваа земја, наведува Би-би-си.

СЗО во петокот официјално прогласи крај на еболата во Сенегал.

Се проценува дека 70 проценти од досега заболените починаа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top