| четврток, 6 декември 2018 |

Го фатиле во шверц на емигранти додека менувал гума

emigranti

Млад скопјанец бил фатен како пренесува илегални емигранти од Африка, додека ја менувал гумата на возилото, а патниците ги оставил да стојат крај патот.

Полициската станица во Свети Николе поднела кривична пријава за Б.К.(27) од Скопје за сторено кривично дело криумчарење мигранти.

Вчера на регионалниот пат Свети Николе – Штип, од страна на полициски службеници, е затекнат скопјанец како менува дупната гума од комби марка „форд“, додека покрај патот се пронајдени девет странски државјани (четворица државјани на Брегот на Слоновата Коска, тројца од Авганистан и по еден од Мавританија и од Гвинеја). Скопјанецот признал дека ги качил странските државјани во близина на граничниот премин Богородица и за надомест од 50 евра требало да ги пренесе до Куманово, каде што би ги презеле други лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top