Ана Ивановиќ нема рецепт за Серена Вилијамс и го доживеа осмиот пораз во деветтиот меѓусебен дуел со Американката, овојпат на премиерата од шампионатот на ВТА. Завршниот турнир во сезоната кај дамите почна денеска попладне токму со дуелот меѓу српската тенисерка и помладата од сестрите Вилијамс, а славеше повторно Серена со 6-4, 6-4.
Осумтте најдобри тенисерки во 2014 година играат во две групи во Сингапур, како шлаг на сезоната, а премиерата и припадна на најдоброрангираната светска тенисерка во моментов – Серена Вилијамс.
Таа само го подобри меѓусебниот биланс на победи против Ана Ивановиќ и сега води со 8-1. Во вториот меч од оваа група, популарно наречена Црвена група, се и Симона Халеп и Јужин Бушар, а нивниот дуел е во тек.
Во Белата група за првите две позиции што гарантираат настап во полуфиналето ќе атакуваат Марија Шарапова, Каролине Вознијачки, Петра Квитова и Агнешка Радванска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.