| четврток, 6 декември 2018 |

Депресијата како противник

depression

Во многу видео игри станува збор за борби со вселенски бродови, за војни и убивања. Но, во игрите на најновата генерација играчите можат да се соочат со распаѓање на семејството, депресија и тага.

Во еден мал стан во питорескното гратче Марифред, еден час возење оддалечено од Стокхолм во насока на запад, Симон Карлсон работи на развивање на една нова компјутерска игра. Се работи за тоа играчите да се стават во позиција на членови на едно мало семејство кое доживеало траума. Таткото на семејството при паркирање на автомобилот, не го забележува синот кој му се наоѓа на пат и несакајќи го прегазува и убива.

– Бев депресивен и во мојот живот не се случуваше ништо. Ми беше препорачано да се соочам со досадата и состојбата на страв и да направам нешто околу тоа – објаснува Карлосн и додава дека сака да истражи разни невролошки состојби кои се случуваат по траума. – Многу ме интереисра експериментирање со цела палета на нешта кои ги доживуваме во секојдневието. А тоа воедно е и она што во компјутерските игри ретко се сретнува – вели тој.

Основна тема на играта – страдање

Играта на Карлсон A song for Viggo припаѓа во редот на т.н. point-and-click игри во која задача на играчот е со секој следен сопствен клик да донесува нова одлука и со тоа да го режира текот на играта и приказната. Карактерите во играта се ликови од хартија кои се движат со помош на техниката stop-motion која го забавува движењето а со тоа и самата игра. Таа така станува бавна, мрачна и тажна. А тоа е и смислата на оваа игра.

– Сакам да направам игра за депресија, тага и страдање. Сакам да покажам дека депресијата и проблемите во секојдневието нема да исчезнат сами од себе, туку дека мора да преземеме нешто – вели Карлсон.

– Кога некој може да ги разбере овие проблеми, тогаш и во својата борба со нив нема да се чувствува осамено. Истовремено ќе може подобро да го цени животот – додава тој.

A song vor Virgo припаѓа на еден растечки тренд. Имено авторите на компјутерските игри се повеќе развиваат игри во кои уринираат во сложени емотивни состојби – како спротивност на тоа што многу луѓе ги поврзува со компјутерските игри.

Поблиску до реалноста

– Ние не сакаме да конкурираме на видео филмот Call of Duty, вели Мата Хагис од холандската фирма SassyBot која се занимава со производство и развој на компјутерски игри. Хагис во својата игра Fragments of Him претставува игра која зборува за група на луѓе кои се борат со последиците на смртта на едно момче, кој животот го загубил во несреќен случај.

– Оваа игра се разликува од вообичаената слика која луѓето ја имаат за компјутерските игри. Притоа многумина мислат на оружје, насилство и вселенски бродови. Но, ние ваквите игри ги поставуваме како нов тренд кој повеќе не се темели на вистински настани – вели Хагис.

Но, само некои од овие нови идеи го наоѓаат својот пат до крајот, до игра која трае со часови.

– Проблемот е во тоа што ги произведуваат помали, независни производители и автори кои немаат доволно пари. Така наместо да направат некоја добра, добро продуцирана игра, тие успеваат да развијат само 50 минутен експеримент – вели Симон Карлсон.

Бајка за насилството

Многу луѓе за разни општествени проблеми, виновникот го бараат во компјутерските игри. Критичарите на пример за игрите како што се Call of Duty или Medal of Honor, ги обвинуваат за лошо влијание на младите, уште недоволно стабилни луѓе кои играјќи ги овие игри наводно стануваат насилни.

– Околу видео игрите се развива еден вид морална паника која пред се ја пренесуваат медиумите. Но, јас во нив не гледам ништо лошо – вели Мике Ланглоис, автор и психотерапевт од Харвард Медикал Скул. Напротив, тој видео игрите ги користи дури и во својата работа, бидејќи како што вели тој, тие создаваат атмосфера и околина во која младите луѓе се чувствуваат пријатно. Според негово мислење игрите како A song for Virgo можат дури и да помогнат на многумина подобро да ги разберат и да излезат на крај со своите сопствени емоции.

– Оваа игра може да го промени начинот на кој многумина до сега ги решавале своите проблеми со тага и загуба. Оваа игра може на длабок начин да влијае на нив и на тој начин да ја промени нивната чувствителна хемија. Мислам дека многу кои тагуваат, оваа игра ја сметаат за нешто позитивно и корисно – вели тој.

Не се работи за заработка

Но, независните игри како A song for Virgo најверојатно нема да го добијат најголемиот дел од т.н. меинстрим колач. Но, лица како Симон Карсон во својот фокус пред се немаат финансиска заработка. За него работата се исплати веќе со самото тоа што добива позитивни критики и пофалби. – Ми се обратија родители кои го изгубиле своето дете. Пред два дена добив порака од еден маж кој ми напиша дека откако ја видел мојата игра дека тој и неговата сопруга уште повеќе го ценат фактот што имаат свое дете. Тоа ме допре длабоко во срцето. Тоа е тешко да се разбере бидејќи јас сум само програмер кој прави нешта од хартија – но очигледно моите работи покажуваат ефект и тоа многу ме радува! – вели Карслон.

Играта A song for Viggo на пазарот треба да се појави идната година, за PC, Андроид и ИОС. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top