Во последниот натпревар од седмото коло во Серија А, Интер и Наполи одиграа нерешено на „Џузепе Меаца“ со резултат 2-2, а блиску до триумф беа гостите кои два пати не успеаја да ја зачуваат предноста.
Сите четири гола на натпреварот беа постигнати во самиот финиш од мечот. Гостите први дојдоа до водство преку Каљехон во 79. минута, а за брзо Гуарин успеа да го израмни резултатот.
Меѓутоа, Каљехон во 90. минута повторно ја врати предноста на наполитанците, но во следниот напад Ернанеш ги спаси домаќините од пораз и ги постави конечните 2-2.
Интер ни во третиот натпревар во низа не забележи победа, односно од можните девет освои само еден бод, по што тренерското место на Валтер Мацари е ставено под знак прашалник.
Клубот од Милано со девет бода го дели деветтото место со Фиорентина, додека Наполи се наоѓа на седмата позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



