| четврток, 6 декември 2018 |

Големо Kосово е поголема опасност од голема Албанија

Екстремизмот што би се појавил при поделба на Kосово лесно би се прелеал во Македонија, оценуваат експертите за „Дневник“

76946397
Развојот на настаните околу северно Kосово, особено варијантите за поделба или размена на територии, се најголемиот безбедносен ризик во регионот затоа што можат да предизвикаат екстремизам, кој може да се прелее и во Македонија, оценуваат безбедносни експерти. Белград и Приштина сè уште немаат договор за најгорливото прашање – статусот на заедницата на српски општини на Kосово, а косовскиот премиер Хашим Тачи е на удар на партијата Самоопределување, која и самите преговори ги смета за предавство, наведува професор Томе Батковски од Факултетот за безбедност во Скопје.

– Во Kосово, реално е да се очекува развивање протести во врска со преговорите со Србија, пред сè, од партијата Самоопределување, што има не толку мало влијание меѓу албанската популација во Македонија. Значи, прелевањето на екстремизмот од овој вид во Македонија може да се очекува, особено ако бидат „разиграни“ одредени варијанти на поделба на Kосово со барање решение за „Северно Kосово“, од една страна, и за „Источно Kосово“ (Прешево-Бујановац-Медвеѓа), од друга страна – оценува Батковски.

Според него, засега не би можела да се даде попрецизна претпоставка за тоа како ќе завршат преговорите меѓу Kосово и Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top