| четврток, 6 декември 2018 |

Па, зошто Голема Албанија?

sverceri skopje dron1

Arben-Idrizi

Арбен Идризи, писател

На нас Албанците, помеѓу Калифатот и Голема Албанија потребна  ни е наша земја  и Европа! На нас Албанците и Србите меѓу Голема Албанија и Голема Србија, исто така ни е е потребна нашата земја и Европа.

Иако се уште не поминало колективното лудило на национализам и фашизам разгорено на натпреварот  Србија-Албанија и скоро недостигаат ладните глави да оправдаат како што му доликува на разумен човек, ризикува да го кажам она што го чувствувам и мислам.

Да не помислите, во најдобар случај, дека сакам да направам еден вид (captatio malevolentia), да се разјасни дека воведувањето на гледачи на теренот, судирот, не заштитеноста на албанските играчи и општо не доволната организација на играта се пропусти за кои се верува дека треба да одговара Федерацијата на Србија. Исто така и за фашистичките гестови и повици за убиство од страна на навивачите.

Но, за недостатоците на Србите да ги оставиме нив сами да зборуваат.

Така е посоодветно.

Посоодветни е и за нас да зборуваме повеќе за нашите недостатоци. Бидејќи на крај само така ќе се отворат повеќе можни решенија и љубов кон самите нас.

Јас не сум првиот ни единствениот кој мисли дека појавата на леталото  које  ја претстави Голема Албанија на стадионот беше еден спектакуларен потег, потег кој ги изненади сите.

За албанските националисти, каде и да се тоа беше чудо, одмазда.

За српските националисти, каде и да се, тоа беше национална навреда и провокација.

За другите, не Албанци, случајно вклучувајќи ме и мене Албанец: глупост; глупост што во некој друг случај  би да ме насмеала. Но, бидејќи немаше место за таков момент,  мора да се каже дека станува збор за опасна глупост која се разбира доаѓа од колективните емоции кои не обидинуваат и не разделуваат истовремено: презир, нетолеранција, омраза.

Како и да е, од каде и да доаѓаше леталото   ја претстави Голема Албанија, иако и самата идеја беше безсмислена. Фудбалерите кои мислат и скандираат дека се горди што бранат ваков симбол (што треба да се заштити, загрозувајќи го и животот), згора на тоа, не се официјално признати од страна на државата Албанија, кои се фабрикувани во согласност со каприците и глупости на одредени групи и поединци покажаа спортска незрелост. Тоа е гест што е во конфликт со инспирација и натпреварувачкиот карактер и пријателскиот фудбал. Тоа е срам со кој мора да се соочиме и да го исправиме.

Доколку беше во прашање албанското државно знаме, бидејќи работите се онакви какви што се, во случај да се претпостави дека ќе се загади или злоупотреби природно е да се одбрани тоа знаме.

 

Не се сомневам дека ако на некој од албанските стадиони пролеташе  летало со знамето на Голема Србија, екстазата што ја имавме по прелетувањето на „Дронот„ со знамето на Голема Албанија  во Белград ќе се претвореше во омраза.(Не заборавајте дека нешто речиси исто изјави  Ивица Дачиќ). Постоеше голема веројатност дека ќе влезевме на теренот, и знамето ќе им беше покров на српските играчи, исто како што тие се обидува да им го направат покров на албанските. Можеби не. Никогаш нема да знаеме. Но, кога ќе помислам на толпите по градовите низ Македонија, Косово и Албанија како лудуваат во  делириум пеејќии  химна на идејата за Голема Албанија, и манифестирајќи ја сета  таа омраза кон другите, во фашистички  хор против српските ист како Србите во стадион кои во фашистички хор пееа против  албанците,  велам дека може и да се случи. А притоа, кога ќе се сетам  на 2004 година, на тоа како по ѕидовите на манастирите ги предупредуваме  дека доаѓа калифатот, замислете: калифат, велам дека сешто може да се случи.

Или можеби сега кога се наоѓаме меѓу двете цевки на пушката (Голема Албанија и потенцијалниот Калифат) ќе пцовисаме како магаре не знаејќи од каде да почнеме да јадаме?

Па, зошто треба да направиме нешто што не сакаме да ни се направи на нас?

****

За да го сфатиме проблемот, треба да го поставиме паршањето : Што е Голема Албанија?

Јас мислам дека идејата Голема Албанија ( која не е официјална државна идеологија, а народна идеологија) е одговор на идејата за Голема Србија (која се претпоставува дека е нешто повеќе од државна идеологија).

Мислам дека идејата за Голема Албанија благо речено денеска е една идеја надвор од реалноста. Неговата реализација ќе значи неутрализација потчинување  или уништување на другиот. Како таква не ја гледам само со сомнеж туку со страв и со ужас. Така како што ја гледам и српската идеја.

***

Пуштајќи го леталото и прекинувајќи ја играта  не им приредивме спортска загуба на Србите, потребен беше гол. Ако натпреварот се прекинше откако ќе постигневме гол, тогаш би било нешто  друго. Иако немаше поддршка и во текот на целиот натпревар, беше навредувана Албанија беше таму да игра фудбал.

Со малку цинизам, од друга страна можеби ќе можевме да прокоментираме: Иако цела ова ситуација не е во наша кожа сепак нема никакво оправдување: Србите требаа да ја проголтат оваа навреда, беше навистина едно неверојатно случување кое ги остави со отворена уста. Овие се екстремни ситуации и треба да се биде праведен и да се прифатат. Иако, се разбира, дури и во вакви екстреми ситуации требада се превземе одговорност.

Постои можност Српската фудбалска федерација да не биде казнета онолку колку што ние би сакале. Но во секој случај и Албанската фудбалска федерација треба да добие казна. Па макар само до им се докаже на нашите политичари, лицемери, неук народ  како и на некои играчи дека фудбалот е спорт, а во спортот  има само почит, праведност и братство. А не момент на искри кои го потпалуваат не изгаснатиот пожар на  омраза, навреди и закани.

Дали не е неприфатливо со навредата што им ја направивме, без разлика што и тие би ни го направиле истото на нас и покрај тоа што нашите реакции се различни па дури и насилни?

***

Нас  сега ни преостанува  да видимешто ќе правиме со самите себе : Дали ќе се згрозиме од  својата глупавост за Голема Албанија (како што се грозиме од идејата за Голема Србија), или ќе се чувствуваме горди подведувајќи и се на Европа и  ќе живееме на нејзина сметка, ќе продолжиме да се надеваме и да сонуваме.

Бидејќи во крајна линија, ние знаеме:  Дека ако не не примат во Европа без нашите луди идеи, остануваме тука со нашите соседни уживајќи во меѓусебното убивање.

***

Ова е заклучокот: На нас Албанците, помеѓу Калифатот и Голема Албанија потребна  ни е наша земја  и Европа! На нас Албанците и Србите помеѓу Голема Албанија и Голема Србија, исто така ни е потребна нашата соодветна земја и Европа.

(Арбен Идризи е албански новинар, пoeт и писател. Роден е во 1974 година во Косово.)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top