| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарки на отворањето на Лигата на шампионите високо поразени во Подгорица

ЖРК Вардар во новатата сезона од Лигата на шампионите првиот натпревар го играше на гостински терен во Подгорица против еврпопскиот вицешампион Будуќност. Домаќинките без никакви проблеми успеаја да слават со високи шест голови разлика (23-17). Поразот и не е така убедлив знаејќи го играчкиот ростер на вардарки. Без три клучни ракометарки кои се повредени и ќе отсуствуваат подолго неможеше ништо повеќе да направи. Во составот на Вардар отсуствуваат Амандин Лејно, Алисон Пино и Татјана Хмирова. Тренерот Индира Кстратовиќ имаше скратен список за ротација. Покрај десеткуваниот состав, проблем за „црвено-црните“ е и немањето на силни натпревари веќе два месеци.
Следниот натпревар Вардар го игра на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ против тимот на Турингер. Германките ја декласираа екипата на Подравка со 33-20 во првото коло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top