
– Сосема логично е раководителите да направат проценка за персоналот кој им е неопходен за реализација на зацртаните проекти. За прв пат во историјата на МВР е воспоставен системот на кариера и резултатите се очигледни за мнозинството граѓани кои ја поддржуваат сегашната политика – наведува Министерството за внатрешни
работи во реакцијата на прес-конференцијата на опозициската СДСМ.
– МВР за разлика од СДСМ работи согласно претходно изготвена програма и планови за кои владата добила поддршка од граѓаните на избори. Нивното остварување зависи и од персоналниот капацитет, така што сосема логично е раководителите да направат проценка за персоналот кој им е неопходен за реализација на зацртаните проекти. За прв пат во историјата на Министерството е воспоставен системот на кариера и резултатите се очигледни за мнозинството граѓани кои ја поддржуваат сегашната политика – се вели во соопштението.
СДСМ, посочуваат од МВР, во секое време може да изврши увид во програмата по која постапува Министерството и проектите кои ги подржаа граѓаните, а кои мора да се остварат во предвидените рокови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?


