Сасуоло е тимот кој успеа да го запре победничкиот поход на шампионот Јувентус. „Старата дама“ одигра само 1:1 синоќа на гостувањето во Реџо Емилија кај Сасуоло и и дозволи на Рома да се приближи на само еден бод на врвот на табелата.
Рома на отворање на 7. коло од Италијанското фудбалско првенство беше убедлива против Каљари и славеше со 3:0.
Денеска се играат седум натпревари: Фиорентина – Лацио, Аталанта – Парма, Каљари – Сампдорија, Верона – Милан, Палермо – Чезена, Торино – Удинезе и Интер – Наполи.
Последниот меч од овој круг се игра утре а во него учествуваат Џенова и Емполи. Табела: Јувентус 19 бодови, Рома 18, Сампдорија 14, Удинезе 13, Милан 11, Верона 11,…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


