| четврток, 6 декември 2018 |

Кил дојде, одигра и победи со цели 15 голови разлика

Во рамките од четвртото коло од Лигата на шампионите во СЦ „Борис Трајковски“ Металург е високо поразен со 42-27 од германскиот ракометен гигант Кил.
Иако гостите дојдоа десеткувани без своите први „виолини“ во нападот Палмарсон и Јиха и со бројчано помалку играчи (само 10) и три голмани, без никакви проблеми го совлада македонскиот шампион. Металург не беше ни бледа сенка на оној тим кој го знаеме кој го красеше цврста одбрана и разновидни напади. Ова беше третата победа на Кил во четирите натпревари по поразот во Загреб и со тоа се вмешува со тимовите во групата А во која се уште и тимовите на ПСЖ и Ла Риоха за првото место кое обезбедува полесен противник во следната рунда.
Металург го забележа и четвртиот пораз и со тоа ги сведе шансите на минимум да се пласира на едно од четирите места кое водат во осминафиналето.
Металург добро го започна мечот и имаше резултатски приклучок, но само до 10 минута. Од тогаш сите акции што ги направија „металурзите“ беа со две-три додавања и шутирања кој голот на Кил од неизградени акции. Одбраната анемична, со многу дупки на линијата на шест метри и без агресивност на шутерите од надворешните позиции. Кил одигра брзо и реализираше неколку контра-напади.
Сите што влегоа во игра кај Германците го дадоа својот допринос во играта и заслужено славеа во висока разлика.
Следниот натпревар Металург го игра со шпанскиот вицешампион Ла Риоха. Кил го игра дерби натпреварот од Лигата на шампионите против најскапиот тим во светот, ПСЖ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top