| четврток, 6 декември 2018 |

Челси продолжува со победите, Арсенал не успеа да прокнижи три бода на домашен терен (видео)

Crystal Palace v Chelsea

Челси продолжува со одличните игри од почетокот на сезоната. И во осмото коло забележа победа и тоа на гостински терен во локалното лондонско дерби против тимот на Кристл Палас со 2-1.
Бразилецот Оскар постигна ретко убав гол од слободен удар кој долго ќе се памти. Откосо биеше неодбранливо во голманската страна, а Сперони беше немоќен да го одбрани ударот.
Во вториот дел Фабрегас кој досега беше задолжен за асистенции во тимот на Челси го постигна и првиот гол за сините од Лондон со што ги разреши сите дилеми за победникот. Во финишот од натпреварот Кристл Палас сепак постигна почесен гол преку Кембел во 90 минута, по одличното додавање на Заха.
Денеска за Челси не настапи нивниот најдобар стрелец Диего Коста кој се пожали на ситна повреда по репрезентативните настапи и тренерот Мурињо одлучни да го поштеди и да го одмори.
Двата тима натпреварот го завршија со по 10 играчи бидејќи во првиот дел по еден старт Азпиликуета доби директен црвен картон, додека по само две минути играчот на Кристл Палас Делани заработи втор жолт.

Екипата на Арсен Венгер не успеа да победи и во третиот натпревар по ред. Денеска на свој терен беа изненадени од екипата на Хал која може да жали што не успеа да ги освои сите три бода. Арсенал се извлече од пораз со голот на Велбек со 92 и со тоа го постигна конечниот резултат 2-2.
Арсенал рано поведе уште во 13 минута со голот на Санчез. Хал не се предаде и најпрвин во 17 минута преку Диаме го изедначи резултатот на 1-1, додека на самиот старт од второто полувеме и да поведе со 2-1 со голот на Хернандез.

Резултати: Манчестер Сити – Тотенхем 4-1, Барнли – Вест Хем 1-3, Евертон – Астон Вила 3-0, Саутемптон – Сандерленд 8-0, Њукасл – Лестер 1-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top