
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ денеска организира трибина на тема „Здрава храна“ која беше насочена кон најмладата публика. Поради важноста темата, трибината наиде на особен интерес кај родителите како и кај децата.
Пред преполната сала во Домот на АРМ свое излагање имаа Ели Магазлиева автор на книги за деца, Тања Турунџиева-нутриционист, Др. Педијатар Катерина Старковска и професорот по физичка култура Марина Пешиќ.
Книгата „Песни и сказни за овошја и зеленчуци разни“ е најновото дело на Ели Магазлиева кое на сликовит начин ги опишува овошјата и зеленчуците како и нивното позитивно влијание врз растот и развојот на најмладите. Книгата е наменета за децата од претшколска возраст.

-Ова издание има за цел да одговори на најновите воспитно образовни тенденции за едукација на децата низ игра и забава со хумористични илустрации кои говорат наместо текстот а содржините е со римувани стихови и текствоти, сообразени со равзојните карактеристики на децата. Прирачникот има за цел да ги запознае децата со најразличните видови овошја и зеленчуци како здрава храна, подвлече Магазлиева.
Покрај децата, прирачникот е наменет и за родителите и за воспитувачите кои се дел од процесот на стекнување на здрави навики кај децата.
, е едноставното правило кое го истакна нутриционистот Тања Турунџиева.
Традиционалната македонска кујна изобилува со многу специфи манџи кои што родителите ги припремаат често, потенцираше Турунџиева па ги запраша најмладите пристуни дали тие јадат здрава храна.
Таа истакна дека е многу важно да се внесува свежо овошје и зеленчук, но подвлече дека мора да се внесуваат и други нутритиви, а при тоа да бидат секогаш свежи и добро подготвени.
Педијатарот Др. Катерина Старковска истакна дека здравите навики мора да се воспостават уште од најраното детство.
-Кога зборуваме на здрава исхрана, тогаш обезбедувањето на адекватна исхрана за децата е одговорност на родителите на и на целото општество. Навиките во исхраната на детето се создаваат од најраното детсво и траат до крајот на неговиот живот. Затоа многу е важно тие правилно да бидат формирани со цел да се обезбеди здрав раст и равзој на младиот организам, подвлече Страковска.
Но не е само храната, туку и физичката активност е особено важна за секое дете, посебно од 3-та до 7-та година кога се создаваат невронските врски кои се значајни за интелектуланиот живот на детето.
-Моја препорака е: Пуштете ги децата да скокаат и да се вртат, оттргнете го стравот и направете им безбеден порстор каде што можат тоа да го прават и слободно нека се движат, затоа што нивното тело само им кажува дека тоа е добро за нив, порача Марина Пешиќ.
По трибината следеше претстава за најмлаите со наслов „Распеана турлитава“ која на забаваен начин ја долови сликата за важноста и потребата од здрава исхрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


