Велиновска, дел од тимот на неделникот „Пулс“, кој што во 90-тите години на минатиот век беше дел од изданијата на НИП „Нова Македонија“, за Република ги сподели своите видувања за транзицијата.
Во ова прво видео издвоивме дел што се однесува на новинарството, а наскоро следи и дел од интервјуто што се однесува на аферата „Хардрок“.
-За изборите беше за нас фасцинантно, како новинари, уште не беше ни дневник почнат беше во зародиш, ние во НИП „Нова Македонија“ новинарите бевме и актери и жртви. Тоа е она што се вика „Поткуп од една партија за новинарите за да им одработат“. Тоа подоцна се развиваше, но тогаш за нас беше прв. И шокантен.
Сојузот на Македонија беше од три партии, но социјалистите и либералите беа повеќе статисти. Штабот донел одлука во подготовка на избоите да се шири пропаганда, односно спин. Ангажирале угледни новинари, најмногу, ние што ги откривме од „Нова Македонија“, веројатно и од „Вечер“. Од „Пулс“ немало со сигурност. Ги откривме случајно, кога по изборите дел од нив незадоволни отидоа на Бихаќка да си ги бараат парите што им биле ветени и подароците. Така дознавме и се вознемиривме и го издигнавме на ниво на скандал.
Веројатно индивидуално им биле определувани цените, според вредност. Јас не знам Ерол Ризаов или Бранко Тричковски колку тежеле на нивниот „пазар на трудот“. Но знам Милан Банов колку тежел или Александар Шољаковски колку тежел, новинарките Пишпетска, Кртолица, тие што земале 4 до 5 илјади марки. Плус компјутер. Во 1994 година немаше многу, имаше само една фирма што се занимаваше со компјутери, СЕМОС, првата фирма во која бил вработен Бранко Црвенковски, а потоа стана приватна сопствениост на неколкумина меѓу кои и неговата сопруга.
По 15тина години пак добив сознанија и добив материјали дека уредници и новинари биле наградувани со пакети акции. Како лобисти. Нема да пишуваш за приватизација, нема да објавуваш за скандали, еве ти акции, дивиденда ќе си добиваш, значи стануваш сопственик. Значи земете ги главните олигарси, видете кои им се фирмите и ќе видите кои им се акционери внатре- посочува Велиновска во интервју за Република, а во рамки на фељтонот „Мрачното време на транзицијата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)