| четврток, 6 декември 2018 |

Брачна двојка добила СМС од „оној свет“

Британска двојка, којa по загубата на бабата пронашла утеха во испраќањето пораки на мобилниот телефон, кој три години претходно го закопале со неа, доживеале шок кога примиле весел одговор.

– Внимавам на вас и сите ќе бидете добри. Само држете се, пишувало во порката која стигна од бројот на починатата Лесли Емерсон.

Телефонската компанија, и покрај ветувањето, тој број го продала на друг претплатник, кој не бил свесен за неговата необична судбина.

– Очигледно, знаевме дека баба нема никогаш да одговори на нашите пораки и можете да замислите што си помислив кога ја видов нејзината порака, изјави Шери Емерсон за локалните медиуми.

Списанието „Shields Gazette“ кое се продава на подрачјето околу градот Њукасл, пишува дека телефонската компанија ветила дека ќе ги исполни претходното ветување и ќе го повлече бројот од употреба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top