| четврток, 6 декември 2018 |

Публиката на нашите концерти се забавува и игра

Ор­га­ни­за­то­рот на  фе­сти­ва­лот „Мју­зик ми­тинг“ во Неј­ме­ген, Хо­лан­ди­ја, ни ре­че: „Вие има­те моќ да ја на­те­ра­те пуб­ли­ка­та да игра“

Ед­на од нај­поз­на­ти­те гру­пи во Ма­ке­до­ни­ја, „Фол­тин“, и по два­е­сет го­ди­ни сви­ре­ње сѐ уште зра­чи со иста­та енер­ги­ја. Гру­па­та што учес­тву­ва­ла на мно­гу­број­ни му­зич­ки и те­а­тар­ски фе­сти­ва­ли низ Ма­ке­до­ни­ја и во странс­тво, а не­кол­ку­па­ти е на­гра­де­на за тво­реш­тво­то, ова ле­то на­ста­пу­ва­ше на по­ве­ќе кон­цер­ти и ма­ни­фе­ста­ции. Гер­ман­ски­от вес­ник „Зи­дој­че цај­тунг“ ги опи­ша „Фол­тин“ ка­ко нај­ус­пеш­ни­те акте­ри на го­ди­наш­ни­от „Кул­тур­фе­сти­вал“ во Мин­хен. Во Ле­че сви­реа во ма­на­сти­рот на оли­ве­тан­ци­те из­гра­ден во 16 век (а де­нес слу­жи ка­ко биб­ли­о­те­ка), по што сле­ду­ва­ше уште еден ус­пе­шен на­стап на Хвар. „Фол­тин“ имаа бо­га­то ле­то со мно­гу на­ста­пи низ Ма­ке­до­ни­ја и низ Евро­па.

 

Foltin-int110-2

 

Не­о­дам­на ја за­вр­ши­вте ва­ша­та европ­ска тур­не­ја, да­ли сте за­до­вол­ни ка­ко ве при­фа­ти та­мош­на­та пуб­ли­ка?
ФОЛТИН: Ова ле­то имав­ме мно­гу кон­цер­ти, но не беа по­вр­за­ни во тур­не­ја, сви­рев­ме во Бу­га­ри­ја, Хо­лан­ди­ја, Сло­ве­ни­ја, Ита­ли­ја, Хр­ват­ска, Ко­со­во… Пуб­ли­ка­та на на­ши­те кон­цер­ти се за­ба­ву­ва и игра. Мо­жам да ви пре­не­сам што ни ре­че ор­га­ни­за­то­рот на фе­сти­ва­лот „Мју­зик ми­тинг“ во Неј­ме­ген, Хо­лан­ди­ја. Ре­че: „Вие има­те моќ да ја на­те­ра­те пуб­ли­ка­та да игра“.

 

Ва­ша­та му­зи­ка се опи­шу­ва ка­ко на­дре­ал­на, страс­на и жи­ва, со же­шка тан­цу­вач­ка ат­мо­сфе­ра, ка­ко се опи­шу­ва­те се­бе­си?
ФОЛТИН: Точ­но та­ка ка­ко што ка­жа­вте, приб­лиж­но тоа е не­ка­ква де­фи­ни­ци­ја со ко­ја се опи­шу­ва­ме.

 

Ка­ко е да се ра­бо­ти на те­а­тар­ска му­зи­ка, ка­ко е да се ра­бо­ти на та­ков про­ект?
ФОЛТИН: Да се ра­бо­ти во те­а­тар е мно­гу ин­те­рес­но. Штом ед­наш те за­фа­ти те­а­тар­ска­та ма­ги­ја, по­тоа ни­ко­гаш не мо­жеш да се отка­чиш од неа. Му­зи­ка­та во те­а­та­рот е са­мо еден сег­мент од ед­на по­го­ле­ма це­ли­на со­ста­ве­на од по­ве­ќе еле­мен­ти, сце­но­гра­фи­ја, ко­сти­ми, глу­ма… Та­ка што тре­ба да се по­све­ти го­ле­мо вни­ма­ние зад­но, со це­ла­та еки­па, за на кра­јот те­а­тар­ска­та прет­ста­ва да ја до­бие „точ­на­таˮ сен­зи­бил­ност.

 

Foltin-int110-3

 

Не­о­дам­на из­ја­ви­вте де­ка ток­му бла­го­да­ре­ние на прет­ста­ви­те има­те тол­ку мно­гу ма­те­ри­јал што мо­же да на­пол­ни­те не­кол­ку ал­бу­ма. Ко­га „Ан­ти­те­лоˮ ќе го до­бие сво­јот нас­лед­ник?
ФОЛТИН: Не ве­ру­вам де­ка би упо­тре­би­ле од таа те­а­тар­ска му­зи­ка за нов ал­бум. Мож­но е да се из­да­де, на при­мер, ком­па­ктен диск со из­бор на те­а­тар­ска му­зи­ка, но тоа во мо­мен­тов не ни е при­о­ри­тет. Се­кој сло­бо­ден пер­и­од го ко­ри­сти­ме за соз­да­ва­ње но­ва му­зи­ка, но не мо­жам да пре­ци­зи­рам ко­га би има­ле нов ма­те­ри­јал.

 

На „Оф фест“ се прет­ста­ви­вте со нај­но­ви­от про­ект – за­ед­нич­ка­та из­вед­ба со Ва­ско Ата­на­сов­ски од Сло­ве­ни­ја и со На­та­лио Су­ед од Хо­лан­ди­ја, од ка­де иде­ја­та за ва­кви­от спој?
ФОЛТИН: Да би­де­ме искре­ни, иде­ја­та не е на­ша, иде­ја­та е на Оли­вер Бе­ло­пе­та и на Бог­дан Бе­ни­гар од дру­га стра­на. Без раз­мис­лу­ва­ње ја при­фа­тив­ме. Во пр­во вре­ме ни бе­ше страв ка­ко ќе се снај­дат, имав­ме мно­гу мал­ку вре­ме за за­ед­нич­ки про­би. Но, мо­рам да приз­на­ам де­ка од­лич­но се снај­доа, ду­ри и по­ве­ќе од оче­ку­ва­но­то. Про­би­те ни беа во „Цан­ка­ри­ев дом“ во Љуб­ља­на, со комп­лет­на ло­ги­сти­ка од дру­га­та стра­на и го­лем поз­драв до На­та­ша, ко­ја се дру­же­ше со нас це­ло вре­ме.

 

Во ва­ша­та бо­га­та 20-го­диш­на ка­ри­е­ра, има ли уште не­кој не­ос­тва­рен сон?
ФОЛТИН: Не знам, ни­ко­гаш не сме ги гле­да­ле ра­бо­ти­те ка­ко сон што тре­ба да се ос­тва­ри, ед­но­став­но си по­ста­ву­ваш не­ка­ква цел и на­о­ѓаш на­чин ка­ко да стиг­неш до таа цел. А ка­ко се стиг­ну­ва до цел­та, се знае, со мно­гу ра­бо­та. И не са­мо ра­бо­та, мо­раш це­ло вре­ме да се пре­ис­пи­ту­ваш и да се пре­на­со­чу­ваш на ви­стин­ски­от пат до цел­та.

 

(Пишува: Владо Оцевски
Текст објавен во 110. број на неделникот „Република“, 10.10.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top