| четврток, 6 декември 2018 |

Платини предлага реформи во фудбалот – воведување бел картон

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, смета дека треба да се воведе нова казна за фудбалерите кои протестираат против судиски одлуки. Легендарниот фудбалер предложи да се воведе картон со бела боја, за олеснување на судиите кои се колебаат меѓу жолт и црвен картон. Казната на белите картон ќе биде 10-минутно отстранување од игра. Вакаква практика постои во хокејот. Французинот го предлага ова во новата книга „Да зборуваме за фудбалот“ (Parlons Football).

Мишел Платини

Мишел Платини

– Овие мерки ќе помогнат да се запре оспорувањето на судиските одлуки што се шири како епидемија во фудбалот. Точно е дека судиите прават грешки, но, исто така, и фудбалерите не размислуваат за своите потези на теренот поради високото количество адреналин за време на натпреварот. Репликите кон судиите за време на играта се како рак кој треба да биде отстранет – пишува Платини.

223185Време е нешто да се направи и мислам дека ако се воведе тоа правило, нема да треба долго време да се навикнеме на него. Исто така, 10-минутното отстранување е одличен начин да се запре оспорувањето на судиските одлуки, убеден е претседателот на УЕФА .

Во својата нова книга Французинот нуди уште една клучна промена на правилата – пет замени на играчи во натпреварите наместо сегашните три.

– Петте смени даваат можност да се направат, на пример, две замени до одморот и уште три до крајот на средбата, ако е потребно – објаснува Платини.

Поранешниот француски капитен, исто така, нуди промена на правилото според кое фудбалерот што спречува чиста гол-можност на противникот во казнен простор со повреда добива црвен картон и пенал за противникот. Наместо тоа, тој нуди фудбалерите да бидат казнети само со жолт картон и пенал за противникот ако фаулот е во шеснаесетникот, и црвен картон и слободен удар ако прекршокот е надвор од казнениот простор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top