Во подолгиот текст кандидатот за доктор Осман прави споредба меѓу киднапирањето на протестантската мисионерка Мис Стон од четата на Јане Сандански во 1901 година, што заврши половина година подоцна со плаќање откуп од 14 илјади турски златни лири, со отсекувањето на главата на Џејмс Фоли од џихадистите од ИД.
Според него, иако отоманското општество, сепак, е далеку од идеално општество ослободено од какви било социоекономски и политички проблеми, авторот опишува: „Жителите на Отоманска Македонија без проблеми живееле едни до други со векови. Тоа резултирало со создавање вистински измешано општество каде што Бугарите зборувале и се молеле на грчки, муслимани и христијани се венчале меѓусебе, Евреите тргувале со Арапите, а некои останале католици или православни, додека другите инсистирале на други верувања“.
Текстот е подолг, содржи и други вакви споредби и описи, но во интерес на просторот тука ќе ги пренесеме само воведот и крајот.
„Развојот на настаните во Ирак и во Сирија денес многу наликува на динамиката на политичкиот натпревар во османлискиот Балкан при крајот на 1890 и почетокот на 1900 година. Во двата случаи, во временско растојание од еден век, локалните актери ги водат политичките борби со манипулирање на постојните меѓународни ривалства. Обете веруваат во екстремното насилство како важна алатка за измама на политичките приврзаници и за стекнување нови, што резултира со поплави од бегалци во соседните земји. Во двата региони, западните државјани беа на цели за различни причини, како киднапирањето на Елен Марија Стоун (Мис Стон) од страна на македонските револуционери во 1901 година и неодамнешните убиства на Џејмс Фоли и Стивен Сотлоф од страна на Исламската држава (ИСИС). Додека одговорите на меѓународната заедница во двата конфликти се служат со сличен политички јазик, возвишувајќи ги хуманитарните идеали, истите меѓународни актери настојуваат да учествуваат во навидум локалните судири со инвестирање пари, армии и енергии за да водат жестока борба за да водат жестока борба во она што во суштина се одобрени војни.
Шокантно е кога се набљудуваат тактичките и реторичките сличности во начинот на кој Западот се обиде да го „реши” македонското прашање во почетокот на 1900 и начините на кои регионалните и западните метрополи се обидуваат да се справат со заканите кои денес произлегуваат од Блискиот Исток. Се чини дека дискурсите кои ги потенцираат цивилизациските вредности и човековите права, како и идеите за национална, регионална и меѓународна безбедност, воопшто не се промениле, ниту пак се променил маѓепсаниот круг на проблеми кои постојано „бараат” итно надворешно внимание и интервенција. Македонското прашање во османлискиот Балкан беше „разрешено“ по две децении герилска војна, по која следуваат две регионални војни и глобален конфликт – Првата светска војна. Ситуацијата во Ирак и Сирија во изминатите неколку децении покажа слична еластичност во начинот на кој постојано се обновува и утврдува текот на регионалното и глобалното политички натпреварување. Може само да се надеваме дека решавањето на конфликтот на Блискиот Исток ќе се разликува од македонскиот преседан.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.