„Аферата Мис Стон“ е нова едукациска алатка што денеска ќе ја промовира Музејот на македонската борба. Изработена е од студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ, со поддшка на Британскиот совет.
Станува збор за интерактивна 3Д веб-сцена наменета за учениците од основното и средното образование и за сите кои сакаат да научат повеќе за овој настан од македонската историја.
Алатката може да се користи како ИКТ-метод во наставниот процес и затоа денеска ќе биде промовирана пред наставници од основните и средните училишта од Скопје. Промоцијата ќе продолжи со работилница на која претставници на музејот и наставници заедно ќе ги истражат можностите за нејзиното користење.
Студентите од ФИНКИ ја изработија едукациската алатка „Аферата Мис Стон“ под менторство на проф. Бобан Јоксимоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.