| четврток, 6 декември 2018 |

Пораз на Атланта, Антиќ со осум поени

Екипата на Атланта успеа да прокоцка солидна предност и во последните секунди од натпреварот да загуби од Чикаго со резултат 85-84.

Хоукси одиграа одлично во првите три четвртини, а мечот го загубија со лошата игра во последниот период кој Чикаго го доби со 38:18.

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ на паркетот помина 14 минути и успеа да постигне осум поени, а се разбира повторно настапи со заштитна маска поради скршеницата на носот.

Во таборот на Атланта најефикасен беше Мајк Скот со 15 поени, дедека најдобар во победничкиот тим беше Џими Балтер кој мечот го заврши со 29 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top