| четврток, 6 декември 2018 |

26-годишен Бразилец убил најмалку 39 лица за три години

Тиаго Енрике Гомес

Тиаго Енрике Гомес

Маж, кој убил најмалку 39 лица во текот на три години, бил уапсен од бразилската полиција, пренесува „Би-Би-Си“. 26-годишниот Тиаго Енрике Гомес лишувал од живот претежно хомосексуалци, жени и бездомници. Поранешниот телохранител се приближувал до жртвите со мотоцикл и сакал луѓето да му дадат пари и вредности кои тој ги земал по убиството. Најмладата жртва на криминалецот е 14 години, додава британскиот весник. Убиецот е распитан и за 90 грабежи на продавници, бензински пумпи и аптеки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top