Статус квото во преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, меѓународниот притисок, опозициските оставки и политичката криза сѐ поочигледно е дека се рефлектираат во целата опозициската коалиција. Пратениците од опозицијата засега велат дека до последен момент ќе чекаат да го видат исходот од евентуалните преговори, па дури потоа ќе донесат одлука дали да се вратат во Собранието.
Тројцата пратеници од НСДП засега остануваат посебен политички субјект, но до истекот на уставниот рок за враќање во Собранието оставаат простор и за други можности. Досега се единствени во ставовите со опозициската коалиција со СДСМ, но не се исклучува варијантата новите социјалдемократи во последен момент да ги повлечат оставките и да се вратат во собраниските клупи.
Иако не се откриваат детали, во НСДП се разгледува оваа идеја, бидејќи сѐ погласни се информациите дека пратениците кои се подолу на опозициската листа, едвај го чекаат денот кога ќе бидат констатирани оставките, или кога ќе им бидат одземени мандатите. Новите социјалдемократи ја одбија и понудата од Зоран Заев партијата да се претопи во СДСМ.
Статус кво состојбата во преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, меѓународниот притисок, опозициските оставки и политичката криза, се поочигледно е дека се рефлектираат во целата опозициската коалиција.
Според неофицијалните информации на Вечер, пратениците од НСДП посоветувани од Тито Петковски ќе почекаат уште 3 недели, па потоа ќе донесат одлука дали и натаму ќе постапуваат согласно партискиот став диригиран од “Бихаќка”. Неформални извори брифираат дека поделеност околу одлуката да се опстане на партискиот бојкот има и меѓу останатите пратеници, и дека нема да биде изненадување доколку се носат и поединечни одлуки за враќање во Собранието.
Пратениците од опозицијата засега велат дека до последен момент ќе чекаат да го видат исходот од евентуалните преговори, па потоа дури потоа ќе донесат одлука дали да се вратат во Собранието. Несогласувањето со дел од политиките на раководството, дел од нив ги искажаа јавно, а дел и на партиските состаноци бараат од Заев да преговора. Очекувања за враќање на политичкиот дијалог изрази и евроамбасадорот Аиво Орав, кој деновиве уште еднаш испрати порака до опозицијата за нејзино враќање во Собранието.
Според дел од информациите низ политичките кругови не се исклучува и можноста опозицијата да се врати во законодавниот дом со барање за доверба на Владата на Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.