Направете посебно место во вашата есенско-зимска гардероба за кожено здолниште затоа што тоа ќе ја направи интерсна секоја ваша комбинација во студените денови. Дозволете му на коженото здолниште самоуверено да се смести во вашето секојдневие и нема да зажалите. Коженото здолниште ќе ви даде женствен и шик изглед, а истовремено фино ќе го нагласи вашето тело.
Коженото здолниште може да изгледа како елегантно, така и сексапилно и дрско, дури бунтовнички и фанки. Како ќе изгледате зависи од облеката и од додатоците со кои го комбинирате. За есенските комбинации, коженото здолниште во бои како темносино и чоколадна, смело комбинирајте ги со различни ткаенини и слободно комбинирајте го со мек џемпер или свилена кошула. Без разлика дали тоа е тип молив, асиметрично, разкроено или право, тоа ќего разбие сивото секојдневие и ќе го претвори во оргинално модно искуство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.