Македонскиот ракометен шампион Металург во пресрет на мечот со Кил во рамките од четвртото коло од Лигата на шампионите се соочува со големи проблеми.
Дури четворица ракометари на тимот, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Владан Липовина и Дејан Манасков, имаат здравствени проблеми.
Во најдобра состојба е Манасков, кој полека заздравува, додека акутна е состојбата на Миркуловски и на Мојсовски. Лекарскиот тим на Металург прави сè за да ги приспособи за саботната средба. Според информациите, се работи за стомачен вирус.
Мечот Металург – Кил се игра во сабота во салата „Борис Трајковски“ со почеток во 21.00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


