Синот на американскиот потпретседател Џозеф Бајден, Хантер Бајден (44), е отпуштен од резервниот состав на американската морнарица откако неговиот тест на кокаин бил позитивен, потврди денеска американски претставник.
Хантер Бајден беше резервен офицер од 2012 година, но минатата година падна на тестот за наркотици и во февруари оваа година е отпуштен, изјави претстаник кој побара анонимност.
Синот на американскиот потпретседател наведе во соопштение дека е отпуштен и изрази жалење поради тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.