Од скопскиот аеродромот „Александар Велики“ утрово се реализирани сите планирани полетувања.
Од скопскиот аеродром очекуваат да нема застој во авиосообраќајот бидејќи, според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, маглата треба да се расчисти претпладнево.
На регионалниот пат Пробиштип – Кратово поради појава на лизгар, на влез во Кратово, има забрана за движење на автобуси и на товарни моторни возила со тежина од 7,5 тони.
На патниот правец Радовиш – Конче, на 11. километар има лизгар, поради што сообраќајот за патничките возила се одвива по една коловозна лента, а за тешките товарни возила има забрана за сообраќај.
Сообраќајот на сите други патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)