Францускиот фудбалер на Јувентус, Пол Погба изјави дека сака да стане најдобриот фудбалер во светот.
Откако од тимот на Манчестер jунајтед дојде во екипата на „sтарата дама“, Погба освои две титули во Серија А.
Репрезентативецот на Франција доби и награда за најдобар млад фудбалер на Светското првенство во Бразил.
– Многу сум горд што ја добив таа награда. За мене беше чест да играм на Светското првенство. Не можам да претпоставам што ќе се случи во иднина, но јас ќе направам сѐ што можам за да освојам што повеќе трофеи. Ќе продолжам да работам напорно бидејќи мојата цел е да станам најдобар во светот – изјави Погба.
Договорот на Погба со Јувентус истекува во 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.