| четврток, 6 декември 2018 |

Како најлесно да се привлече маж?

до

Сите знаеме дека мажот тешко може да одолее и да не се загледа во витки нозе, цврста задница или длабоко деколте. Секој од тие три делови имаат некое влијае кај машките сетила.

Машките мозоци се програмирани на начин на кој ги привлекуваат жените со нејголема способност за репродукција и сексуална достапност. Мажите ги привлекуваат жени кои се атлетски градени бидејќи на тој начин покажуваат дека се здрави и способни за репродукција на нивните гени, покажале истражувањата.

Истражувачите велат дека мажите ги привлекуваат жени со детски изглед, големи очи, мали носеви, полни усни и образи. Токму поради тоа рекламите за пластичните операции ги нагласуваат тие делови. Додека пак жените ги привлекуваат сериозни лица со изразени црти, цврсти вилици и јаки носеви.

Добрата вест е дека жените не мора да бидат прекрасни за да ги привлечат мажите. Иако убавината има влијание, сепак голема улога има и достапноста. Мажите повеќе ги привлекува достапноста на жената отколку телесната привлечност.

– Природата на мажите е таква што жената мора да биде привлечна пред тој да ја запознае нејзината внатрешност. Кога ќе одите во лов истакнете го тоа што го сакаат мажите, а не тоа што го сакате вие – велат истражувачите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top