| четврток, 6 декември 2018 |

Откажана планираната средба меѓу Меркел и Путин

G

За вечерва планираната средба во Милано меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин е откажана, соопштија дипломатски извори.

Средбата е откажана поради доцното пристигнување на Путин од Белград во Милано.

Меркел на маргините на Самитот Азија-Европа во Милано денеска се сретна со украинскиот претседател Петро Порошенко, а пред официјалната вечера требаше да има средба и со Путин.

Засега не е познато дали Меркел и Путин ќе се сретнат подоцна вечерва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top