Угодувањето на други често произлегува од желбата другите да нѐ прифатат и да нѐ засакаат, но тогаш се заборава дека е најважно да си добар, пред сѐ, кон себе, па поради тоа некогаш е потребно да се каже „не“.
Понекогаш е потребно да се каже „не“
Постојат моменти во животот во кои се чувствуваме како сите да посакуваат и да очекуваат нешто од нас. Тоа особено се однесува на луѓето кои се склони да им угодуваат на другите, но притоа се изложуваат на голем стрес и фрустрации. Треба да се знае дека понекогаш кажувањето „не“ е најдобрата работа која можеме да ја направиме за себе, со што би поставиле граници во однос на другите луѓе.
Не треба да се оправдува „не“
Доколку вашиот партнер, близок пријател или некој друг член од вашето семејството бара од вас да направите нешто од што ќе ви биде непријатно, дозволете си да кажете „не“, а притоа да не се оправдувате.
Одморете се
Доколку напорното работно темпо и секојдневните обврски ве доведуваат до степен да не ги слушате своите мисли, едноставно кажете „не“ на поканата за дружење, па и колку и да се инстистира на таа дружба. Бидете свесни дека со тоа што го правите против своја волја си правите штета и себеси и на другите.
Научете се да кажете „не“
За да се навикнете да го изговарате „не“, почнете од малите работи. Вежбајте го своето „не“ во ситуации кога тие не се многу важни или не постои друга можност спротивната страна да се навреди. Освен тоа, психолозите нагласуваат дека при изговарањето „не“ е многу важно да знаете да го прифатите тугото „не“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.