Ако знаете што е интернет, тогаш знаете и што е „тролање“ или подбивање – една од темните страни на глобаната мрежа.
Дефиницијата за подбивање подразбира активност на пишување на злонамерни коментари надвор од контекстот на темата, чијашто цел е нарушување на здравата интернет-расправа. Така барем ја претстави екипата од научнопопуларниот канал „Јутјуб“ – „Сајансшоу“.
Иако има мноштво симпатични подбивања што со коментарите создаваат одреден вид комедија, поглемиот дел од тие подбивања немаат цел. Што е причината за тоа деструктивно однесување, што им поминува низ мислите на тие што се подбиваат додека пишуваат навредлив или злобен коментар?
Историјата на подбивањето почнува како желба за „задевање“, која почна на форумите во раните 90-ти години на минатиот век, таа доби друга димензија – намерно предизвикување болка кај соговорникот.
Сепак, одделни лица подбивањето го кренаа на ниво на злоупотреба, каде што жртвите често не можат да разликуваат вистински и нереални закани.
Уште во 2004 година научникот Џон Сулер го измисли терминот што го опшува губењето на општествената инхибација, односно воздржување предизвикано од гарантираната анонимност, која ја креира интернетот – ефектот на онлајн деинхибација односно невоздржување. Сулер сметал дека анонимноста на интернетот ги тера одредени лица да се однесуваат поинаку отколку во јавноста и во секојдневниот живот.
Сулер сметал дека ваквото однесување зависи од шест фактори – чувството на анонимност, на невидливост поради ограничување на комуникацијата поради буквите, временската одвоеност, дехуманизација на соговорниците, доживување на интернет-поврзувањето, како обична игра и, на крај, недостиг од чувството на одговорност.
Денес подбвањето е распострането и се случува на платформите, кои во 2004 година не ни постоеле. Новите истражување често се непрецизни од едноставна прични што се базирани на анкети на корисниците на интернет. Сепак, останува прашањето што е тоа што ги предизвикува корисниците на форумира на соговорниците да им се закануваат со смрт.
Карактеристиките на овие личност може да опишат со „темната четворка“ – нарцизам, психопатија, макијавелизам и садизам. Во 2014 година на база на анкетата направена на 400 лица што изјавиле дека уживаат во подбивање и вознемирување на другите, заклучено е дека поголемиот дел од нив имаат некои од наведените карактеристики. Исто така, некои научници сметаат дека коренот на агресивното подбивање е скриен во недостигот од нормална општествена интеракција.
Единствено решение за проблемот со агресивното подбивање не постои. Модерирањето е пожелно, но премногу модерирање наведува на задушување на правото на глас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.