| четврток, 6 декември 2018 |

Домот на културата во Валандово доби нов современ простор со мултифункционална намена

valandovo2

Од денеска Домот на културата во Валандово има нова, современа сала опремена со светлосна и аудиоопрема по светски стандарди. Овде од вечерва почнува тридневниот празник на македонската новосоздадена песна, „Фолк-фест Валандово“, кој го одбележува своето јубилејно, 30. издание. Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, заедно градоначалникот Николче Чурлиновски, го отвори реновираниот современ простор. По повод јубилејот, вчера беше промовирана и богато илустрирана монографија на авторот Мирче Карамучев, која говори за растот и развојот на фестивалот кој е симбол на градот Валандово, како и цеде со најслушаните песни и победници во изминатите 30 години.

valandovo

– Во овој простор, кој е во интерес на сите граѓани на општина Валандово, во иднина ќе може да се реализираат содржини од секаков вид, театарски претстави, концерти, манифестации и фестивали – посочува Канческа-Милевска.

Оваа година на фестивалот „Фолк-фест Валандово“, во рамки на трите фестивалски вечери, ќе бидат изведени 33 нови композиции.

valandovo1

– Многу генерации со носталгија се сеќаваат на најдобрите остварувања на овој фестивал, кој стана своевидна традиција која со нетрпение ја очекуваат сите љубители на народната музика – рече министерката за култура.

Таа додаде дека новата концепција на фестивалот, која предвидува и зголемување на фондот на награди, ќе влијае врз квалитетот на продукцијата на македонската новосоздадена песна и врз афирмацијата на македонската музичка традиција.

valandovo3

Јубилејното издание на фестивалот денеска доби и монографија за историјата, растот и растежот на фестивалот од Мирчо Карамучев, кој на 165 страници преку текст и автентични фотографии го презентира градењето на реномето на фестивалот и негувањето на македонската музичка народна традиција.

Во рамките на промоцијата беше презентирано и цеде-издание со најпопуларните песни кои беа изведени на фестивалските изданија во изминатите 30 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top