| четврток, 6 декември 2018 |

Шестмина казнети за дивеење во Тетово на прославата за знамето на „Голема Албанија„

bmw-tetovo
Шест лица се казнети заради дивеењето во Тетово, по прекинатиот квалификациски фудбалски меч меѓу Србија и Албанија во вторникот во Белград. Како што соопшти СВР Тетово, против пет лица се поднесени платни налози за сторен прекршок по чл. 8 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир додека против едно лице е поднесен платен налог за сторен прекршок по чл. 4 од истиот Закон.
Се работи на идентификување и на други лица инволвирани во нарушањето на јавниот ред и мир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top