| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ со порака до Стефанов: Улижи Шмуковиќ, конечно, стигна до целта

На профилот на „Истаграм“ на нашиот најдобар кошаркар Перо Антиќ, под псевдонимот Чичко Стоилко, утринава осамна фотографија со коментар за новиот тренер на сениорскиот состав на МЗТ, Врбица Стефанов. Како што е познато, сега веќе поранешниот Змаго Сагадин беше отпуштен по срамниот пораз на почетокот на сезоната од Фени индустри во СЦ „Јане Сандански“ со 73-80.

pero antic

Перо Антиќ го нападна поранешниот колега од репрезентацијата Стефанов, кој од тренер во младинските категории експресно е избран за прв човек на клупата на „металците“.

– Не знам дали е пародија и заебанција, уште една наша тимска икона отиде во пропаст… – искоментира Антиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top