| четврток, 6 декември 2018 |

Грејната сезона почна, но не за сите!

парно

Од вчера, 15 октомври, официјално почна грејната сезона, но радијаторите кај некои потрошувачи останаа студени. Иако надворешната температура и не е толку ниска, во домовите е потребно затоплување, посебно кај семејствата што имаат мали деца. Од компанијата што е задолжена за производство и за дистрибуција на топлинска енергија на територијата на Скопје, „Балкан енерџи груп“, тврдат дека парното греење е пуштено.

– Парното греење е секаде пуштено, а доколку во некои домови нема затоплување, тоа е поради екстерни и интерни проблеми кај одделни згради – велат за „Република“ од БЕГ.

На прашањето зошто досега, пред старт на грејната сезона, не се работело на решавање на тековните проблеми, од БЕГ ни одговорија дека во тек е отстранување на проблемите што оневозможуваат дистрибуција до одделни потрошувачи и дека сите во најскоро време ќе бидат обезбедени со греење. Притоа оттаму не сакаа да прецизираат кога точно домовите на сите граѓаните, кои се приклучени на нивната мрежа, ќе бидат затоплени.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top