Сопствениците на Јувентус, фамилијата Ањели, сериозно размислуваат до крајот на оваа сезона да го купат португалскиот клуб Белененсес.
По договорот што го потпишаа во Здружението на прволигаши во Италија, никој клуб нема право да задржи играч со 50 проценти сопственост и нема да има право од обесштетување ако некој млад талент прерасне во добар играч од помалите клубови.
Идејата за Б-тимови сѐ уште е рано да заживее во Италија затоа многу тимови сериозно размислуваат за инвестирање во екипи во помалите лиги во Европа.
Таков е случајот со Беленесес, кој е цел на торинскиот гигант. Белененсес е клуб со традиција од Лисабон, има солидна школа на играчи, Бразилците во Португалија не се сметаат за странци и има стадион од 25.000 гледачи.
Ако ги преземе долговите на клубот од Лисабон, Јувентус може да го купи мнозинскиот пакет-акции за 500 евра.
Во прилог на фамилијата Ањели ѝ оди тоа што договорите на играчите се мали, буџетот е мал, а и трошоците исто така, па вложувањата во овој клуб нема да бидат некое големо оптоварување.
Слично размислува и Удинезе, кој веќе има филијали во тимовите на Гранада и Ватфорд, но инвестициите на фамилијата Поцо во португалската лига би биле значително помали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.