| четврток, 6 декември 2018 |

Отказ за Сагадин, Стефанов нов тренер на МЗТ

Раководството на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром по поразот од Фени индустри (80-73) во првото коло од домашното првенство му врачи отказ на словенечкиот стратег Змаго Сагадин, а за нов тренер го назначи Врбица Стефанов.

За поранешниот македонски репрезентативец и играч на МЗТ Скопје ова ќе биде прв тренерски ангажман во еден сениорски тим. До неодамна тој ги предводеше младинците на овој клуб.

40-годишниот Стефанов во својата играчка кариера, покрај за МЗТ, настапувал и за Работнички, Пинар Каршијака, АЕК, Монтепаски, Фебнербахче, Црвена звезда, Олимпијакос, Мерсин и Менорка.

МЗТ со Сагадин во АБА-лигата забележи една победа (Задар) и два пораза (Мега Визура и Будуќност).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top