| четврток, 6 декември 2018 |

Барак Обама: Бакнував и гушкав медицински лица кои се грижат за заразени од ебола

Веројатноста од ширење на еболата е минимална, рече американскиот претседател Барак Обама. Гушкав и бакнував медицински лица што се грижат за лица заразени со ебола, изјави претседателот на САД за „Вашингтон пост“.

Барак Обама

Барак Обама

Со овие зборови американскиот претседател се обиде да ги смири сограѓаните. Тој, исто така, додаде дека смртоносната заразна болест не е голема закана за САД.

– Веројатноста од ширење на вирусот е многу мала – изјави Обама. Во исто време, тој посочи дека американските здравствени власти на државно и на федерално ниво внимателно го следат развојот на настаните. Поради втор случај на здравствен работник заразен со вирусот во Тексас, Обама ја откажа планирана посета на земјата и свика итна средба во Белата куќа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top