| четврток, 6 декември 2018 |

Од вирусот ебола досега починаа речиси 4.500 лица

GUINEA-HEALTH-DISEASE-FILES

Од вирусот ебола во светот досега починаа 4.493 лица. Во седум земји до 12 октомври се пријавени вкупно 8.997 случаи за кои има сомневање дека се заболени од овој вирус, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Поголемиот број случаи се пријавени во три западноафрикански земји – Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, каде што ситуацијата постојано се влошува.

Во Шпанија и во САД се заболени многу здравствени работници, а Сенегал и Нигерија прават сѐ за да го спречат ширењето на оваа заразна болест, соопшти СЗО.

Во Гвинеја досега починаа 843 лица, а кога станува збор за Либерија, здравствените власти на Обединетите нации сооштија дека имаат проблеми во собирање на точниот број податоци.

САД испратија околу 4.000 војници во Западна Африка за да помогнат во сузбивање на хеморачигната треска, а најмногу од нив се сместени во Либерија.

Што се однесува за Сиера Леоне, забележани се нови 425 случаи на ебола и тоа само за шест дена, а најмногу се погодени градовите Бомбали и Порт Локо.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top