| четврток, 6 декември 2018 |

Во кафе од „Мекдоналдс“ подарок мртов глушец

imagesКанаѓанец пронашол  умрен глушец во кафе купено од „Мекдоналдс“. Рон Мораис, жител на канадскиот град Фредериктон, кога го отстранил капакот на чашата за да се наслади на последната голтка од миризливиот пијалак, внатре пронашол мртов глушец. Потоа почувствувал мачнина и болки во стомакот. Мажот тврди дека редовно си купува кафе од ресторани за брза храна. По непријатниот инцидент , персоналот на ресторанот направил проверка во просториите, но не открил траги од глодари.

McDonalds Rat - CBC/ TwitterОд Министерството за здравство, исто така, не откриле глувци во локалот. Од „Мекдоналдс“ сѐ уште не му се извиниле на нивниот клиент за неочекуваниот подарок, кој се нашол во неговата чаша. Тие планираат да го сторат тоа по завршувањето на истрагата за инцидентот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top