| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидентот ги обедини навивачките групи Делии и Гробари: в сабота ќе навиваат заедно

Само четири дена по натпреварот Србија-Албанија на програмата е 147.фудбалско дерби меѓу Партизан и Црвена звезда. Многумина стравуваат дека инцидентите може да се повторат на стадионот во Хумска, но судејќи според иницијативите на навивачите на Црвена звезда претстојното дерби би можело да протече во сосема фер атмосфера.

На социјалните мрежи се шири порака во која Делиите и Гробарите се повикуваат заеднички да навиваат во сабота со јасна порака: „Косово е срцето на Србија“.
-Пораката на Шиптарите од вторникот вечер треба сериозно да ја сфатиме и да се разбудиме од летаргијата во борба за нашата земја и светите нешта, која за жал во последно време сериозно слабее. Срби разбудете се! Во сабота да бидеме сложни на дербито, да не се препукуваме меѓу себе, туку сите во еден глас да грмиме: Косово е срцето на Србија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top