
Македонија потпиша договори за одбегнување двојно оданочување со Виетнам, за заштита од фискална евазија и за заемно поттикнување и заштита на инвестициите. Договорите ги потпишаа заменик-министерот за финансии Ардиан Џеладини и нерезидентниот амбасадор на Виетнам Ле Дук Лу.
Овие договори ќе овозможат послободен проток на луѓе, капитал и услуги во двете земји и ќе ги поттикнат меѓусебните инвестиции.
– Со потпишување на овие договори Македонија ја прошири мрежата на склучени билатерални договори за одбегнување на двојното оданочување, а со тоа ги унапредува економските односи и билатералната соработка со Виетнам – соопшти Министерството за финансии.
Се очекува потпишувањето на договорите позитивно да влијае и на контото на трговската размена меѓу Македонија и Виетнам која не е доволно развиена и во 2013 година изнесувала 13,9 милиони евра. Македонија во Виетнам извезува главно тутун, а увезува телефони, кафе, обувки и синтетички влакна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судбината на Македонија ќе се запечати во шатор: Следете го во живо велепредавството на квинслишката влада на Република Македонија
-
Нема да има промени – дознаките и понатаму нема да се оданочуваат!
-
УЈП: Земјоделците да поднесат барање за паушално оданочување за 2015
-
Украина и ОАЕ потпишаа договор за соработка во воена област


