Управата за јавни приходи (УЈП) соопштува дека земјоделците имаат можност данокот на доход да го плаќаат паушално доколку нивниот приход од земјоделска дејност за годинава не надмине 1.300.000 денари.
– Без разлика дали земјоделството претставува ваша основна дејност или ја вршите како дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданочување ви овозможува персоналниот данок да го плаќате еднаш во годината и да немате дополнителни трошоци за водење на деловни книги – соопшти денеска УЈП.
Најдоцна до 31 јануари следната година на шалтерите на УЈП треба да се поднесат образците „УЈП-РДО/З“- Пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност и „ПДД-ПЗ“- Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност.
Ако веќе се регистрирани во УЈП и им доделен даночен број (ЕДБ) како вршител на земјоделска дејност, треба да поднесат само барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност, образец „ПДД-ПЗ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство