Вчерашните инциденти на фудбалскиот натпревар помеѓу Србија и Албанија српскиот премиер Александар Вучиќ ги оцени како организирана акција со цел да се наруши стабилноста во Србија и во целиот регион.
– Намерата на албанските екстремисти беше Србија да се претстави како нетрпелива земја спрема различностите и да се понижат сите нејзини граѓани – изјави српскиот премиер.
Тој додава дека се уште чека јасен став од Брисел за нечуениот инцидент кој според него е политички инспириран.
– Чекам реакција од ЕУ чии претставници три часа пред мечот ги известив дека Албанците спремаат провокации и тежок инцидент – огорчено констатира Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста



