
Сопственици на италијанската меѓународна компанија деновиве беа во посета на Македонија со цел да ги разгледаат можностите за отворање информативен центар. Оваа компанија има над 10.000 вработени во Италија и во Романија, кои користат италијански и германски јазик за своите клиенти.
Домаќин и организатор на посетата е министерот за странски инвестиции, Џери Наумоф, а посетата е договорена на неговиот состанок со основачите на компанијата во јуни на бизнис патување во Италија.
– Сопствениците на компанијата се позитивно изненадени од поволната бизнис клима во Македонија. Компанијата ќе донесе вработување на млади факултетски образовани луѓе, со добри јазични вештини по италијански, германски и англиски јазик – изјави Наумоф.
Тој посочи дека резултат од истото патување во Италија е официјалното отворање на канцеларијата во Скопје на претставник на адвокатската фирма на Алесандро и Франческо Дањино, која има свои канцеларии во Милано, Рим и во Палермо. Канцеларијата во Македонија, која ќе им служи на италијански клиенти, веќе има неколку вработени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“
-
Отворен нов погон во зоната кај Алинци, инвестиција вредна 1,2 милиона евра
-
Груевски: Денес почнува со работа компанијата „Акомпласт“, инвестиција која ќе креира 300 нови работни места
-
Груевски: ОДВ Електрик го стартува новиот објект во зоната Охрид- Струга, инвестиција на која долго работевме


