Ако сте вистински моден манијак, не може да го чувате вашиот нов „ајфон“ во футрола од 5 долари.
Безброј дизајнери нудат свои луксузни модели.
Еве ги десетте најскапи во светот:
Модел Dragon and Spider Case на Anita Mai Tan – цена 880.000 долари. Изработена е од 18-каратно злато и од дијаманти.
Miansai 14 Carat Gold Case – цена 10.000 долари.
Зошто директно не го облиеме телефонот со 14-каратно злато за да нема сомнеж дека сме богати?
Brikk Цена – цена 4430 долари. Направен е од титаниум, кој го штити телефонот.
Case- Mate – цена 4271 долари. Тука нема дијаманти, ниту крокодилска кожа, но и покрај тоа цената е многу висока!
Цветна футрола – цена 1.495 долари. Украсите на неа се рачно изработени. Има пиратска верзија за 30 долари, која изгледа слично.
Gresso – цена 1000-10.000 долари. Грбот може да биде од алигаторска кожа. Другиот дел е од титаниум.
Долче и Габана – цена 595 долари. Моделот е од кожа, има синџирче и украси во стилот на Долче и Габана.
Модел од крокодилска кожа на Гучи – цена 495 долара. Овие се од типот на џебни и генерално се поевтини. Но, не и ако се од крокодилска кожа.
Луј Витон – цена 330 долара. Една од најлуксузните модни марки во светот нуди своја торба за „ајфон“. Таа е од кожа, а однатре е микрофибер за да го чува телефонот од гребење.
Со кристали „сваровски“ – цена 239 долара. Се продава со неколку резервни кристали, во случај да ви испадне некој кристал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.












