Сите опции што ги нудат телефоните не се доволно вредни, ако батеријата на смартфонот се празни по неколкучасовно користење и постојано мора да бидете врзани со полначот.
Истражувањето на Consumer Report опфати 54 модели, а од нив ги селектираа најдобрите пет, па ако сте еден од оние што преферираат добра батерија пред останатите опции, погледнете кои смартфони треба да ви бидат во фокусот.
Според истражувањето најдобри батерии имаат Motorola Droid Turbo, Samsung Galaxy S6, Samsung Galaxy Note 4, Motorola Droid Turbo 2 и Samsung Galaxy S5.
За резултатите да бидат колку што е можно поточни, нашите инженери прецизно ја мереа потрошувачката на батеријата во различни услови, вклучувајќи и активност на екранот и процесорот, како и барање на мобилен сигнал“ – објаснуваат од Consumer Report.
Повеќето модели во листата имаат батерии поголеми од 3000 mAh, и сите освен Galaxy S5 (кој ја има најслабата батерија) нудат повеќе од 24 часа разговор со едно полнење. Сепак, сите овие уреди се прилично големи и тешки, бидејќи добрата батерија значи дека ќе мора да носите поголеми и потежок уред со вас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.