| четврток, 6 декември 2018 |

Се шпекулира со случајот „Дениса“: Ниту резултатите се пристигнати, ниту родителите се повикани

denisa

Нема резултати од ДНК-анализата за младата Дениса, која исчезна на брод во Грција. МВР демантира дека се пристигнати резултатите од ДНК-анализата на телото, кое неодамна беше пронајдено в море.

– Ниту има пристигнато резултати од ДНК-анализата, ниту, пак, ние сме го повикале семејството во МВР – велат за „Република“ од Министерството.

Тие ги демантираат информациите што некои медиуми ги објавија вчера дека резултатите од споредбата на ДНК-примероците од телото пронајдено вп Грција и на родителите на Дениса пристагнале во Скопје и дека надлежните ги повикале родителите на младата прилепчанка за да им соопштат што утврдиле анализите на лекарите од судска медицина. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top